Музика

„Пирамид Продукција“ објави конкурс за подршка на млади таленти

19679714_10210005935127132_1814893595_n

Повик за продукција на музички спотови под мотото “Подршка за младите таленти” Пирамид Продукција објавува повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни.
Пирамид Продукција под мотото “Подршка за младите таленти” има за цел да ги подржи младите изведувачи кои имаат своја авторска музика и имаат амбиции за светски дострели, да им изготви видео спот со можност да ја промовираат својата музика на светот и да докажат дека и во Македонија постојат светски музички виртуози. Повикот предвидува до три авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна онлајн промоција.
Краен рок за пријавување на повикот е 30 јули 2017. Музички бендови и поединци со свои авторска музика ќе имаат можност да добијат бесплатен видео спот, како и онлајн промоција.
РОК за пријавување:
Краен рок за пријавување на повикот е 30 јули 2017

ПРИЈАВУВАЊЕ Секој музичар или бенд задолжително треба да испрати најдоцна до 30 јули, 2017 на contact@pyramidproduction.co subject line “Подршка за младите таленти” видео спот.
• Аудио материјал конкретната песна или музичко дело со кој авторот/авторите конкурираат. • Линкови од видео материјали (доколку имаат).
• Фотографии од настапи.
• Кратка биографија од пеодинецот или групата.
• Број на членови (групи).
• Контакт и емаил од лице за контакт.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА Поединци и музички бендови со своја авторска песна.

ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ • Да дозволат на Пирамид Продукција да ја користи и емитува авторската музика на онлајн канали, без дополнителен надоместок за тоа.
• Доколку бидат селектирани, да одделат еден ден за снимање на видео записот во термин по договор со Пирамид Продукција.
• Доколку бидат селектирани, да дозволат спотот да биде брендиран со логото на Пирамид Продукција. Обврски на Пирамид Продукција
• Пирамид продукција се обврзува да изготви видео запис, снимен во живо.
• Пирамид продукција се обврзува да го промовира видео записот онлајн, јутуб, социјални мрежи и слично. Селектираните кандидати ќе бидат објавени на 31 јули, 2017, на официјалната фејсбук страна на ПИРАМИД ПРОДУКЦИЈА. Контакт Кристијан Шемкоски Контакт тел: 071 258 270 Имејл: contact@pyramidproduction.co

Previous ArticleNext Article