Нега и убавина

КОЛАГЕНОТ е клучот на вечната малдост

Олгица Стојимировиќ, Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје
Олгица Стојимировиќ, Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

Што е колаген?

Колагенот е главен структурален протеин во кожата. Неговата основна улога е во создавање на структурата на клетките, ткивата и органите. Кога не би имале колаген, нашето тело буквално би се распаднало. Колагенот и дава на кожата сила и издржливост, допринесува за младешкиот и здрав изглед на кожата.

Колагенот го сочинуваат три протеински синџири, споени во еден. Оваа единствена структура го прави колагенот поиздржлив и од челикот. Околу 33% од протеините во организмот е колаген. Колагенот се наоѓа во ткивата, органите и коските. Коските се состојат од комбинација на колаген и некои минерали, како што се калциумот и фосфорот.

1K6F_Crystal_Structure_Of_The_Collagen_Triple_Helix_Model_Pro-_Pro-Gly103_05

Колагенот и кожата

Колаген е 75% од нашата кожа, па со тоа, мазна, полна и младешка кожа е одраз на присуство на здрав колаген. Разбирливо е зошто во светот на убавината големо внимание се посветува на третмани кои поттикнуваат создавање  на колаген. Со текот на годините производството на колаген во организмот се намалува и здравиот колаген постепено пропаѓа, па на тој начин се создаваат несаканите брчки и се појавуваат знаци на стареење.

collagen-diagram

Синтеза на колаген

Колагенот се создава во фибробластите (клетки на кожата кои се наоѓаат во дермисот). Во фибробластите се создаваат и други протеини, како еластин (задолжен за цврстина и еластичност на кожата) и глукозамин гликан (поткожен дел кој ја оддржува кожата хидрирана). Не е чудно што препаратите со фактори на раст ( ја поттикнуваат работата на фибробластите) завземаат значаен дел од козметологијата. Витаминот Ц исто така има битна улога во производството на колаген и недостаток на овој витамин може да го успори создавањето на колаген.

Синтезата на колаген се случува континуирано во текот на нашиот живот како би го поправил и заменил оштетениот колаген. Со текот на годините, овој процес трае подолго и обновувањето на колагенот е се послабо, па поради тоа имаме поопуштена кожа, брчки и дехидрирана кожа.

Формирање на колаген

Колагенот е најзастапен протеин во телото. Колагенот го сочинува дури 70% од сувата маса на кожата и клучна компонента е во васкуларниот систем и мускулите. Формирањето на колаген е сложен процес кој се одвива во 7 чекори, од кои 4 чекори се одвиваат во фибробластите, а 3 во цитоплазмата.

Во чекор 1 се случува транскрипција и за тоа е неопходен витаминот Ц. Транскрипцијата е процес во кој ДНК се одвојува од дуплиот ланец во два одвоени ланци како би се овозможило копирање на колагенскиот код. Кодот е транскриптуван како рибонуклеинска киселина (РНК) а потоа излегува од јадрото како гласник РНК (mRNK-messenger RNK). mRNK влегува во едноплазматичниот ретикулум (ЕР) кој го користи како модел за формирање на колаген. Во првиот чекор полипептид се синтетизира во ЕР. Полипептид е почеток на колагенот.

Во чекор 2 полипептидот е модифициран со помош на процесите кои се нарекуваат хидроксилација и гликолизација, кои се неопходни за формирање на крос линковите во следниот чекор.

Чекор 3 произведува троен проколаген, кој исто така се случува во ЕР, и тоа повеќе во грубите ЕР отколку во мазните ЕР.

Последното интрацелуларно формирање, во чекор 4, се одвива во Голџиевиот апарат. Во овој чекор доаѓа до лачење на проколаген кој се излачува од фибробластите во екстрацелуларниот простор за конечно формирање на колагенските влакна.

Во екстрацелуларниот простор се одвива чекор 5, во кој проколагенските влакна телопептиди или термални краеви отсечени со хидролизирање, сега се нарекува тропоколаген.

Во чекор 6 тропоколагенот самостално преминува во колагенски влакна но сеуште не е созреан, до чекор 7.

Во чекор 7 се формира зрел колаген. Витаминот Ц се користи во првиот чекор, и во секој нареден во кој се појавува хидроксилација. Витаминот Ц (аксорбинска киселина) е неопходен за поттикнување на транскрипцијата, формирање на проколаген и екстрацелуларното крос линкување на колагенските влакна.

Чување на здравиот колаген и превенција на идна деградација на колагенот

Превенцијата се започнува во текот на 20-ите години. Две основни насоки во кои треба да се движи превенцијата се:

1.Заштита од УВ и УВБ зраци и

2.Заштита од слободните радикали.

Изложување на сончеви зраци и дејството на слободните радикали се во тесна корелација, па неопходно е да се обрне големо внимание на  заштита на кожата од сончевите зраци, а веќе во доцните 20 години или рани 30 години потребно е да се воведе и козметика која има антиоксидативно дејство. Со овој процес деградацијата на колагенот може значително да се успори, а со тоа кожата подолго ќе го задржи младешкиот изглед.

crazy-about-collagen

Поттикнување на создавање на колаген

Постојат многу начини да се поттикне синтезата на колаген. Првиот, и најбитен чекор е да се обезбеди доволна количина на витамин Ц. Ова се однесува и на орално внесување на витаминот Ц како и на козметика која го содржи овој значаен витамин кој е заслужен за создавање на колаген но е и силен антиоксидант.

Друг начин за поттикнување на создавање на нов колаген е користење на хемиски ексфолијанти (хемиски пилинзи). На овој  начин се стимулира обновување на клетките на кожата.

Трет начин се разни витамински коктели (мезококтели) кои стимулираат синтеза на колаген и вклучуваат фактори на раст. На овој начин се стимулира создавање на колаген но и на други процеси во кожата кои се одговорни за младешкиот изглед.

Најдобрата метода за стимулирање на колаген е секако PRP методата, која е  и наша препорака.

Доколку сте заинтересирани за некој од третманите за поттикнување на производството на колаген можете да закажете консултација како би ви препорачале најдобар начин за вас за стимулација на нов колаген.

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

Previous ArticleNext Article