Стил

Тетовирање и нега на кожата

Добро наспијте се  и не пијте алкохол најмалку 24 часа пред тетовирањето. Најадете се обилен оброк два часа пред тоа и не пијте аспирин бидејќи го спречува згуснувањето на крвта. Доколку примате некоја терапија, консултирајте го вашиот лекар пред да се одлучите да се тетовирате. Истото се однесува за лица кои имаат тегоби со срцето, дијабетес, епилепсија и за психички нестабилни личности.

7b4ffd1f723bf190415436ae8e31fd63--grandparents-tattoo-grandparent-tattoos-memories

Со ставањето на тетоважата не значи дека се завршило. Следи периодот на лечење и грижа на тетовираното место со цел заштита, пред сѐ од инфекции.

  1. По тетовирањето кожата може да се заштити на два начини: со фолија или газа. Доколку одлучите тоа да биде фолија, треба да знаете дека не смеете да ја држите повеќе од два часа, бидејќи кожата не може да дише, а потта која се создава под фолијата влијае на паѓањето на бојата. Доколку користите газа морате да ја задржите од 12 до 24 часа, бидејќи во себе го упива вишокот на крем и ја одржува влажноста на кожата, а истовремено ги впива бојата и вишокот течност од тетоважата. Без разлика дали станува збор за заштитна фолија или за газа, по нивното вадење, потребно е третираното место да го измиете со млака вода.
  2. Ако газата се залепила за тетоважата, прво нанесете млака вода на неа, па потоа отстранете ја. Никако на сила не вадете засушена газа, бидејќи може да ја оштетите тетоважата.
  3. Тетоважата измијте ја со антибактериски сапун и со млака вода, а потоа избришете ја нежно со крпа за бришење.
  4. Доколку сте изложени на прашина, цемент, брашно или други нечистотии најдобро би било да ја заштитите тетоважата со газа, но доколку немате потреба од тоа, тогаш не ставајте ништо врз местото за да може кожата да дише.
  5. Никако не ставајте алкохол врз тетоважата. Во наредните 7 до 10 дена ставајте креми (Enbecin, Hudrocyclin или Bepanthen) и тоа 3 до 4 пати дневно.
  6. Тетоважата мијте ја еднаш до два пати дневно и нанесувајте тенок слој крема. Тоа е неопходно за одржување на влажноста на кожата, побрза регенерација и спречување на можни инфекции.
  7. Два до три дена по тетовирањето кожата ќе почне да ви се лупи. Тоа е нормално бидејќи кожата на тој начин полека се регенерира.
  8. Многу е важно сами да не ја лупите кожата, а сега веќе можете да користите Pantenol или Pavlogal.
  9. Кога целосно ќе се создаде нов слој кожа, од 7 до 10 дена можете да престанете со мачкање на кремите.
  10. Не заборавајте дека третманот не завршува тука и дека добро би било од време на време и особено ако имате сува кожа, повремено да ја мачкате тетоважата со хидратантен крем.
  11. Во текот на две недели треба да:

– Не излегувате на сонце

– Не одете на базен или каде било на пливање. Не е добро тетовираното место долго време да биде во вода.

– Носете чиста и широка облека. Најдобро би било да е памучна и да избегнувате синтетика и волна.

– Не дозволувајте други да ви ја допираат тетоважата и на тој начин ќе го намалите ризикот од инфекција.

– Нанесувајте хидратантен крем по завршувањето на третманот

Previous ArticleNext Article