Вести

Од 1 септември градинките ќе работат во две смени

6a1b647b794ce3508224e3e69083d26d_L

Градинките од 1 септември треба да почнат со двосменско работење и да се усогласат според потребите на граѓаните, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Првите смени ќе бидат од 7 до 14.30 часот, а вторите од 14 до 21.30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот – појасни Царовска.

Детските установи кои имаат повеќе објекти, според тоа колкав е интересот на граѓаните за чување на нивните деца во попладневните часови ќе треба да определат колку од градинките ќе работат двосменски.

– Одлуката е да се организира двосменско работење во градинките и ако има само едно дете кое треба да се згрижи – рече Царовска.

Министерството, како што рече Царовска, е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосменското работење.

– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи – додаде таа

Царовска најави отворање на 13 градинки до крајот на годината, а веќе за наредната се бара општините да поднесат информација за потребите од изградба на градинки.

– Планот потоа ќе треба да се усогласи со Министерството за финансии, но ќе се трудиме згрижување да добијат и оние деца во чии општини нема ниту една градинка, посебно во руралните подрачја – подвлече Царовска.

Previous ArticleNext Article