Вести

Во Скопје вчера седум сообраќајки, еден пешак загинат

315658-razbojnishtvo-vo-vlae-policija-brkala-razbojnici-okolu-uchilishte-640x355

Како што соопшти СВР Скопје, незгодата во која загина пешак се случила во 08:30 часот на ул.„Антоние Грубишиќ“, кога товарно моторно возило марка Ивеко со скопски регистарски таблички, управувано од жител на Скопје, се движело наназад. Како последица од незгодата и од здобиените повреди, жената им подлегнала на повредите на самото место.

Во текот на изминатото деноноќие, во две од седумте сообраќајки полесни повреди здобиле две лица. Останатите се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција евидентирала и поголем број на прекршоци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено, десет биле без дозвола, а  27 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со „пајак“ отстранети се 54 возила.

Одделението за превенција вчера реализирало посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствувале граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Распеана Младост“ во општина „Карпош“, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.

Previous ArticleNext Article