Здравје, Нега и убавина

Што е МАДЕРО-ТЕРАПИЈА

Мадеро-терапија е вид масажа што се темели на користење дрвени елементи со различен облик, наречени – оклагии.

Предноста на дрвените елементи со кои се спроведува е во тоа што обезбедуваат интензивен притисок врз целулитот, придонесувајќи за намалување на масните наслаги. Оваа масажа е особено ефикасна за намалување на обемот во колковите и во бутовите, како и за затегнување и за обликување на нозете и на задникот.

F2-a-450x450

Техниката на работа е составена од низа движења со специјално направените дрвени елементи. Применувајќи ги овие елементи врз мускулите, масните наслаги и врз целулитот, се предизвикува стимулирање на лимфниот систем на телото и насобраните токсини се излачуваат од организмот. Ова ослободување од токсините го поттикнува метаболизмот брзо да ги согорува мастите, а со самото тоа доаѓа и до трајно отстранување на насобраниот целулит.

Мадеро-терапијата се препорачува за:

  • Релаксација на телото и на умот
  • Стимулација на лимфниот систем
  • Елиминација на токсините од организмот
  • Забрзување на метаболизмот
  • Разбивање на целулитот
  • Согорување на мастите
  • Тонус и затегнување
  • Намалување на обемот на телото
  • Намалување на обемот на стомакот
Previous ArticleNext Article