Вести

Денес е СТРОГ ПОСТ – не се јаде храна во црвена боја

Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори.
46a-10092010165629

Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли.

Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител. Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпани¬ја, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.

Одбележувањето на овој празник влече корени од минатото. Денот се поминува во строг пост и воздржување од лоши мисли и дела. Особено е распространето верувањето дека на тој ден не се јаде ниту пие нешто што е црвено, бидејќи потсетува на пролиената крв на Јован. Треба да се води сметка децата да не јадат домати, праски, јаболки и било што друго во црвена боја, бидејќи со тоа ќе го налутите овој светец и ќе предизвикате гнев.

Во некои краеви се пости, а некои луѓе дури и не јадат ништо до вечерта. Не се работат тешки работи, а се верува и дека овој ден е добар за берење лековити билки.

Previous ArticleNext Article