Астро

Еве што линиите на зголобовите на дланките откриваат за вас

chiromanzia

Повеќето луѓе слушнале за читањето од дланка, но малкумина знаат за читањето на линиите кои се наоѓаат рачниот зглоб, односно „алката“ која се наоѓа на дното од дланката. Тоа се оние линии на внатрешната страна од нашите зглобови кои ја одвојуваат раката од дланката. Се верува дека колку повеќе линии имате толку подолго ќе живеете. Поголемиот дел од луѓето имаат 2-3 линии, а ретки се оние со 4 линии.

Првата алка ги означува 23-28 години од животот, втората 46-56 години, а третата 69-84 години. Четвртата претставува повеќе од 84 години живот. Подвиткајте ја дланката навнатре за да можете појасно да ги видите линиите и почнете со анализирање…

Прва линија
Првиот ред е најважен. Ако линијата е јасна, непрекината и длабоко дефинирана, тогаш можете да очекувате дека ќе уживате во добро телесно здравје и сила. Ако линијата е нејасна, прекршена и слабо дефинирана, тогаш личноста се смета за слаба.

Втора линија
Втората линија го одредува богатството на личноста. Ако е јасно дефинирана, рамна и непрекината, тогаш можете да очекувате благосостојба и среќа.

Трета линија
Третата линија е поврзана со славата и моќта. Ако е рамна и непрекината, тогаш најверојатно ќе бидете многу влијателни во текот на животот.

Четврта линија
Оваа линија е обично паралелна со третата и доаѓа како нејзино продолжување. Ако сте едни од ретките луѓе кои ја имаат линијата, таа само ви ги зацврстува и зајакнува можностите за слава поврзани со третата линија.

Previous ArticleNext Article