Мода

Како правилно да го изберете вашиот накит според обликот на лицето

Пишува Катерина Палческа

Денеска накитот е неизоставен моден додаток и доста е битно да се направи правилен избор на истиот за да еден outfit биде полн погодок.Накитот треба да даде нова димензија на гардеробата која ја носите и затоа секогаш треба да водите сметка да одбраниот накит  одговара на годините и на приликата на која го носите,па затоа ќе споделам неколку корисни совети околу тоа што ќе биде тренд за престојнава сезона и правила за носење на накит според обликот на  вашето лице.

22773336 10212285170196519 1641528957 n 22809934 10212285167956463 2023583725 n 22782394 10212285170556528 1839281650 n

1.Лице во форма на коцка
 Оваа форма на лице треба да носи кратки и масивни ѓердани кои ја намалуваат должината на вилицата и острината на брадата.На овој облик на лице потребен е накит кој ќе даде ширина во пределот на брадата.При изборот на обетки потрудете се да бидат во кружна форма,избегнувајте висечки ѓердани и обетки во форма на копчиња.

2.Лице во форма на срце
На овој облик на лице најдобро прилегаат масвни и слоевидни ѓердани,а кога се работи за обетки најдобро прилегаат обетки кои се шират во пределот на брадата,избегнувајте висечки обетки и ѓердани.

3.Тркалезна форма на лице
Најдобро прилегаат ѓердани со централно поставени масивни елементи,а кога станува збор за обетки ,најдобро прилегаат висечки.Избегнувајте кратки ѓердани,choker necklaces  кои дополнително ќе го скратат тркалезното лице.

4.Овална форма на лице
На овој облик на лице прилега речиси секој вид и облик на накит.Од пренагласени масивни ѓердани до едноставни ѓердани со централно поставен приверзок.На овој облик на лице совршено прилегаат обетки со раскошен дизајн во било која форма.

22782295 10212285167556453 1256845414 n 22773440 10212285167316447 599851733 n 22781973 10212285164516377 443374376 n 22809779 10212285166316422 226302519 n 22809862 10212285164836385 1712354059 n

И за крај, накит кој ќе биде тренд за  престојнава сезона се обетки и масивни  нараквици  кој рефлектираат светлост , без разлика дали се во сребрена или златна боја,обетки со реси од свилен конец таканаречени tassel earrings,висечки ѓердани од коноп  кои одлично се вклопуваат и во класична гардероба,впечатливи прстени како и масивните обетки со кристали кои се мои омилени за изработка бидејќи не се наменети само за специјални пригоди,напротив одлично се вклопуваат и во дневни комбинации со мачки со натпис како и со oversize блузи.

Previous ArticleNext Article