Нега и убавина

Се што треба да знаете за ХЕМИСКИОТ ПИЛИНГ

Специјалисти за убавина PROMOITALIA за вас работат од понеделник до сабота. ☎️02/3131316

Дерматолозите користат различни тераписки модалитети за да ја подобрат структурата на кожата, да изгледа понегувано, посвежо и поздраво, а еден од тие третмани е и хемискиот пилинг.

Што претставува хемискиот пилинг?
Хемискиот пилинг претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Тој може да биде суперфицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која ја користиме, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој го употребуваме.

Како дејствува?
Хемискиот пилинг се изведува со нанесување на хемиска супстанција на кожата која предизвикува контролирано оштетување на површинските слоеви на клетките и нивна ексфолијација односно лупење. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот. Новата регенерирана кожа која се крие под лушпите е помазна, посјајна и со помалку изразени брчки. Значи освен тоа што ги отстранува старите оштетени слоеви на клетки тој стимулира и создавање на нов колаген, ја зголемува количината на хијалуронската киселина и го подобрува квалитетот на еластичните влакна истовремено намалувајќи ги оксидативните оштетувања на кожата.

mask4

Изборот на хемиската супстанција која ќе се употреби при хемискиот пилинг зависи од состојбата на лицето и она што сакаме да постигнеме. Најчесто се употребуваат пилинзи со:

Алфа-хидрокси киселини(АXA) како гликолна, млечна, манделична, цитрична и тартарична киселина, кој е најблагиот хемиски пилинг погоден за третман на фини линии, сува рапава кожа, хиперпигментации и акни кај сите типови кожа.

Менделична киселина (Mand-Pro + F3; Mand-Pro + F6) – избор на пилинг за чувствителна кожа. Индикации: – го редуцира црвенило; – ја регулира продукцијата на себум (мрсна кожа); – хиперпигментации; – може да се користи и кај потемна кожа.
Менделична киселина (Mand-Pro + F3; Mand-Pro + F6) – избор на пилинг за чувствителна кожа.
Индикации:
– го редуцира црвенило;
– ја регулира продукцијата на себум (мрсна кожа);
– хиперпигментации;
– може да се користи и кај потемна кожа.

Бета-хидрокси киселини(БXA) како салицилната киселина која подлабоко навлегува во порите од АXA киселините и е погоден за третман на масна кожа и кожа со акни.

Салицилната киселина (Sali-Pro F1; Sali-Pro+F1; Sali-Pro F25; Sali-Pro+F25) овозможува длабока пенетрација во кожата. Индикации: – средно тешки и тешки форми на акни; – ја регулира секрецијата на масти од кожатa; – фотооштетена кожа; – чувствителна и дехидрирана кожа.
Салицилната киселина (Sali-Pro F1; Sali-Pro+F1; Sali-Pro F25; Sali-Pro+F25) овозможува длабока пенетрација во кожата.
Индикации:
– средно тешки и тешки форми на акни;
– ја регулира секрецијата на масти од кожатa;
– фотооштетена кожа;
– чувствителна и дехидрирана кожа.

Пилинг со ретиноична киселина кој е погоден за третман на лузни, брчки и пигментни флеки.

Пирувична киселина Пирувична киселина (Pyruvic-Pro F25; Pyruvic-Pro+F25; Pyruvic-Pro F45; Pyruvic-Pro+F45) за подобар тонус и млада кожа. Индикации: – белези од акни; – хиперпигментации, дамки; – површински и длабоки брчки; – фотооштетена и предвремено остарена кожа; – стрии.
Пирувична киселина
Пирувична киселина (Pyruvic-Pro F25; Pyruvic-Pro+F25; Pyruvic-Pro F45; Pyruvic-Pro+F45) за подобар тонус и млада кожа.
Индикации:
– белези од акни;
– хиперпигментации, дамки;
– површински и длабоки брчки;
– фотооштетена и предвремено остарена кожа;
– стрии.

Трихлороцетна киселина која се користи како средно длабок или длабок пилинг во концентрација од 20 до 50 отсто. Таа е одлична во третманите на лузни, брчки и хиперпигментации.

Гликолна киселина (GLYCOLIK) Го подобрува клеточниот метаболизам. Индикации: – зрела и остарена кожа; – изедначување на тенот; – затворање на дилатирани пори; – фотооштетена кожа; – стимулира колаген и еластин во кожата.
Гликолна киселина (GLYCOLIK)
Го подобрува клеточниот метаболизам.
Индикации:
– зрела и остарена кожа;
– изедначување на тенот;
– затворање на дилатирани пори;
– фотооштетена кожа;
– стимулира колаген и еластин во кожата.

Каде се применува?
Хемискиот пилинг преку ексфолијација на клетки и стимулација на создавање на колаген и еластин го подобрува изгледот на кожата и нејзината структура. Тој е ефективен при решавање на кожни проблеми како што се: хиперпигментации, лузни, акни, тенки и средно длабоки брчки, оштетувања на кожата предизвикани од сонце.

Третманот трае 30 до 45 минути и треба да го изведува обучен специјалист дерматолог. Пациентот за време на ретманот чувствува жарење и топлина која за кратко време поминува. Регенерацијата на кожата трае од 2-3 дена кај суперфицијалниот до 5/7 дена кај средно длабокиот пилинг.

„По третманот препорачливо е користење високо хидрирачки регенеративни креми и креми со заштитен фактор СПФ>30 поради зголемената чувствителност на новонастанатата кожа. Затоа, најдобар период од годината за примена на овој медицински третман е периодот касна есен-зима-рана пролет кога и сончевото зрачење не е многу големо“

ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ
Закажете го вашиот термин на 📱 02/ 31 31 31 6
Ве очекуваме!22853192_1505308192878789_3728214803313369682_n

Previous ArticleNext Article