Здравје, Нега и убавина

Зимата е идеална за џогирање 🏃

Со опаѓање на температурата и намалување на денот, опаѓа и мотивацијата да се бавиме со физичка активност.Меѓутоа, научниците велат дека ова е идеално време за џогирање.

winter-running-gear-1068936-TwoByOne

Студијата која е спроведена на универзитетот во Сент Мери во Лондон покажа дека студот го намалува пулсот за околу шест проценти кај луѓето кои трчаат, бидејќи во кожата се пумпа помалку крв за потребите на разладување.

На лето луѓето во тек на 40-минутно трчање со умерено темпо исфрлаат околу 1, 3 литри пот во просек, што значи дека телото потешко се справува со дехидрираноста. Меѓутоа, студеното време бара помалку енергија, што значи дека трчањето ќе ви биде многу полесно.

winter-running-1088846-TwoByOne

Во тек на истражувањето, испитаниците беа изложени на температура од осум степени Целзиус, а се покажаа значително подобри изведби на ниска температура.