Астро, Забава

Според Кинескиот Хороскоп: Ова ве очекува на љубовен план во 2018

Кинескиот хороскоп се користи веќе неколку илјади години и е составен од 12 знаци. Во хороскопот на западните цивилизации (оној кој и ние го користиме), знакот се одредува според месецот на раѓање, а во кинескиот хороскоп знакот се одредува врз основа на годината на раѓање.

Кликнете на сликата за да откриете што ви носи новата 2018та годината на кучето во вашиот љубовен живот.

Стаорец

Click to Flip
Многу брзо ќе влезете во врска. Вие сте тип на личност кој сака да биде во врска, но во минатото најтешко ви било да одржите долгорочна врска и да го задржите својот интерес. Но, во почетокот на новата година, брзо ќе се заљубите и тоа ќе биде вистинската личност за вас

Бик

Click to Flip
Ќе најдете некој кој ви се допаѓа исто колку и вашата работа. Биволот секогаш бил оној кој ја става работата пред се. Значи, кога ќе ја запознаете личноста која почнува да ве учи дека треба да имате малку повеќе забава во животот, ќе ја отфрлите, но таа ќе ве убеди дека е важно да се успее, но она што е поважно е со кој го делите тој успех.

Тигар

Click to Flip
Ќе се претворите во безнадежен романтичар. Тигарот бега од секаква роматика и чувства. Сакаат да бидат сами. Се сконцентрирани на себе. Но ова ќе биде година во која ќе ја запознаете својата сродна душа. Таа личност ќе ви биде толку слична што еден од вас ќе мора да попушти. И тоа ќе бидете вие. Нема да се препознаете самите себе.

Зајак

Click to Flip
Ќе бидете сами, но тоа ќе ви одговара. Зајакот е еден од најсимпатичните знаци во кинескиот хороскоп. Буди интерес кај многу различни луѓе. Но, важно е да застанете и сфатите кога треба да бидете сами. Со губење во односите заборавивте кој сте и каков е животот без врска. Од витална важност е тоа повторно да го пронајдете.

Змеј

Click to Flip
Начинот на кој поминувате низ врската е начинот на кој мора да победите. Во новата година ќе потрошите многу време со погрешни луѓе. Вашата фрустрација ќе расте и ќе бидете изморени од се. Потоа ќе се појави личност која ќе ви донесе увид зошто претходно со никој ништо не функционирало. Имајте трпение.

Змија

Click to Flip
Изградивте репутација да не чувствувате ништо длабоко. Го користите тоа како одбрамбен механизам бидејќи не сакате некој да ви биде премногу близу. Истовремено, сакате да најдете некој на кој ќе му значите и кој ќе се потруди да ги урне ѕидовите кои ги подигнавте. Ќе наидете на личност која ќе ве натера да ги промените вашите патишта, бидејќи ќе видите кој сте и кога сите други само ќе глумат.

Коњ

Click to Flip
Вашиот однос ќе биде на патот до следната фаза. Дојдовте до тоа да сакате да направите следен чекор, но не сакате да создадете притисок на својот партнер ниту да го исплашите. Тој знае што сака само чека на вистинско време.

Коза

Click to Flip
Вашиот однос се ближи до крајот. Тешко е да признаете кога нешто не е добро или сте се промениле, но токму тоа се случило. Иако старата љубов трае и ниеден од вас не сака да попушти, понекогаш повеќе боли да се задржи она што веќе го нема.

Мајмун

Click to Flip
Конечно ќе се исцедите. Имавте многу односи во минатото кои не сте подготвени вистински да ги отпуштите и да отстапите од нив. Но заслуживте да бидете среќни и токму ова ќе ви се случи оваа година. После толку болка, која ви стана толку позната, ќе ви биде чудно да чувствувате среќа, бидејќи сте заборавиле како таа воопшто изгледа.

Петел

Click to Flip
Ќе ја спознаете и прифатите магијата на осаменоста. Најлудиот период од вашиот живот ќе се одвива во 2018-та!

Куче

Click to Flip
Ќе најдете некој кој ви е верен колку и вие нему. Од сите знаци Кучето во кинескиот хороскоп е најверно. А најголем проблем кој го имавте во минатото е впуштање во односи со луѓето кои не се подготвени на компромис. Наскоро ќе сретнете некој кој ве тера да сфатите дека не моравте толку да се трудите.

Свиња

Click to Flip
Старата љубов ќе се врати во вашиот живот. Некој кој секогаш бил во вашето срце, некој за кој уште размислувате, ќе се врати во вашиот живот и ќе се чувствувате како ништо да не се променило помеѓу вас. Ќе сфатите дека изгубената љубов понекогаш се враќа, но овој вториот пат нема да бидете повредени.