Вести

Очи полни радост: PROMOITALIA во посета на СОС Детско Село донираа за потребите на дечињата

PromoItalia тимот, заедно со бренд-амбасадорите, со торба полна пакетчиња денес го посетија СОС Детското Село. 

Promoitalia денес со полн багаж пакетчиња, се упати кон СОС Детското Село, да ја заокружи оваа мисија, која ја почна на самиот почеток од месецов, организирајќи одлична забава насловена како #ЗИМСКАБАЈКАСОС во Дистрикт Бар, со хумана цел да собереме парични средства за помош на дечињата. Според традицијата на овој бренд секако незаборавија и  дека чоколадите ќе измамат насмевка на овие лица, па со подршка од Дома ги спремија слатките пакетичиња. А компанијата Тритекс ги спреми своите пактчиња со се што им е потреба на најмалите од нивниот асортиман.

Средствата кои ги собраа од Зимската Бајка беа дуплирани од страна на PromoItalia и Олгица Стојимировиќ,  и донирани на нивната сметка.

„Донацијата е наменета за СОС Детско Село Скопје, која ќе овозможи на корисниците набавка на неопходни работи за зимската сезона. Покрај собраните парични средства, компаниите ДОМА и Тритекс ја потполнија нашата цел со извонредните производи од нивниот широк асортиман на производи, новогодишни пакетчиња од ДОМА и облека од Тритекс, за сите дечиња од прифатилиштето. Promoitalia скоро 3 години им помага на оние на кои помошта им е најпотребна. Ќе продолжиме и понатаму со општествено одговорното работење, да ги поддржиме установите, проектите и иницијативите кои имаат за цел да овозможат поквалитетен живот на децата, лицата инвалидитет и сиромашните.“ – изјави Олгица, при посетата на Сос Детското Село. 

25564781_10212135114508131_1842600943_n

Бренд амбасадорите, се горди што се дел оваа хумана мисија на центарот.

Знаеме дека зимата е еден од најубавите периоди во годините, каде со најблиските ја споделуваме среќата, уживајќи во празнците, и токму затоа, нашата идеја оваа година беше да ги израдуваме најмалите. На овие дечиња да им ја збогатиме предновогодишната атмосфера, со внимание, како што секое дете заслужива. – изјави Елена Петреска во име на бренд-амбасадорите, воедно и им се заблагодари на сите кои ја несебечнио беа дел од овој хуман проект.