Музика

Ташко Каранфиловски со два нови видео записи

Ташко Каранфиловски сними два видео записи за две негови нови песни, „Не тагувај лично моме“ и „Ќе се каеш верувај“. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Ресен, а во соработка со ИН Продукција.
25532195_10215297590372226_5582315345490295546_o

– Тоа се мои нови песни, создадени во соработка со Славко Ристески. Иако времето беше ладно, сепак дадовме се од себе да ги снимиме двата спота, кои се надевам дека ќе и се допаднат на публиката. Морам да и се заблагодарам и на Марија Арсовска, како и доктор Миланчо, кој ни одобри да снимаме во неговата куќа, и се да се реализира онака како што беше замислено,
вели Ташко.

За дочекот на Нова година, Ташко ќе настапува пред нашинците во Шведска, односно Гетеборг, каде што не оди за прв пат.
Младиот пејач, наскоро најавува уште три нови песни, кои повторно ќе бидат во соработка со Славко.