Вести

ДНК повторно во ХУМАНА акција: Андреј и Панчо израдуваа уште едно семејство

Откако со БУКВАЛНО полни раце подароци и срце ХУМАНО, дуото ДНК ги посети Тео и Тони во нивиот дом и донираа фрижидер, телевизор, машиња за перење, новогодишни пакетчиња.

Андреј и Панчо веднаш по објавената сторија на Телевизја 24, им помогнаа и на Огнен и Марија. Дечиња за кои се грижи нивниот татко Владимир.
Владимир се бори со сите сили неговите ангелчиња да имаат пристоен живот. Но како самохран родител, не е лесно да се биде и мајка и татко на малолетни деца, кои како и сите останати се радуваат на новогодишните празници.

БРАВО МОМЦИ!
За овие хумани дела, бидејќи поделената среќа е дупла, а подадената рака е благослов.