Исхрана и Рецепти

Предлог доручек по рецепт на Ване Маркоски: Интегрални мафинчиња

Нашиот водител Ване Маркоски е љубител на здравата и вкусна храна, па така со нас го сподели и овој вкусен рецепт за брз и вкусен доручек.
26184915_1586676234741639_7424571292986114048_n

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 2 шолји пченкарно брашно
  • 1 шолја бело брашно
  • 1 пециво
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја млеко
  • 1/2 шолја зејтин
  • 1 китка Блитва (ситно сецкана)
  • 150г. сирење (испасирано со вилушка)

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Изматете ги јајцата пченкарното и белото брашно со металка (не со миксер) и постепено додавајте ги и останатите состојки.
Смесата ставете ја во плекот за мафини, и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15минути.

Совет: Доколоку смесата ви е премногу густа додајте млеко.

А доколку ве интересира како Ване се снаоѓа во кујна погледнете го следново видео