Стил

Оваа година бидете себични ➕ неколку добри причини за тоа

Научете како да бидете вашиот најдобар пријател.
large

Од сите луѓе во нашите животи, ние честопати најмногу сме исклучени и не сме во контакт со нас самите. Поминуваме многу време, обидувајќи се да ги направиме другите среќни и да се фокусираме на нивните потреби, додека ја запоставуваме личноста со која сме 24/7 – ние самите. Многумина од нас не се ни сакаат себеси и сакаат да излезат надвор од сопствената кожа.
Гледаме фотографии на социјалните мрежи и се споредуваме со “навидум” совршените животи на другите. Ние трошиме толку многу време да се мразиме себеси, бидејќи ние сме наши најлоши критичари. Не е изненадување што толку многу луѓе се чувствуваат така, бидејќи живееме во свет кој е опседнат со напредок. Ништо не е доволно добро, вклучувајќи не и нас самите.giphyСепак, не мора да паднете во овој маѓепсан круг. Верувајте дека сте доволно добри и одвојте време да се запознаете себеси. Најголемиот подарок што можете да го дадете е самољубието, бидејќи никој не може да го одземе тоа од вас.

Себичноста ќе ги привлече вистинските луѓе околу вас.
Кога ќе се фокусирате на самољубието и грижата, маглата што ја обликува визијата за вас, ќе почне да исчезнува. Ќе имате сосема нова перцепција за себе и оваа позитивна слика за ќе ги привлече вистинските луѓе околу вас.
Кога ќе почнеме да работиме на повеќе љубов и прифаќање, наместо на омраза и отфрлање, нашите односи комплетно се менуваат. Можеме да дадеме повеќе љубов и затоа добиваме повеќе за возврат. Отвореноста кон себе и ослободувањето од негативните модели на размислување ќе внесат свежина во нашите животи, а другите луѓе дефинитивно ќе го забележат тоа.
Ќе сфатите што заслужувате во животот и ќе ослободите од сите што повеќе не служат на вашиот најдобар интерес.

Ќе се подобри вашето физичко здравје.
Кога не се сакаме, ние се стремиме да јадеме и пиеме нездрава храна и пијалоци. Си дозволуваме да влеземе во погрешни врски од погрешни причини и едноставно да живееме пребрзо.
Ние не одвојуваме време за да им се посветиме и да ги исцелиме нашите тела од секојдневниот живот.
Само кога се сакате себеси вие секогаш имате време да ги слушнете потребите на вашето тело. Запрете, земете длабоко воздух, вежбајте… Негувајте се. Исчистете го тело од долгогодишната акумулација на непотребните резерви. Кога се сакате себеси, секогаш ќе барате нови начини како да го подобрите вашето физичко здравје. Ништо не е позначајно од тоа да вложите труд и да создадете здрави навики за вас и луѓето околу вас.giphy (3)Кога се ставате себеси на прво место имате храброст да ги следите вашите сонови.
Повеќето луѓе работат на работни места што ги мразат за да ги платат сметките за работи кои што навистина не ги сакаат, само затоа што сите други го прават истото.
Луѓето сакаат безбедносна мрежа бидејќи тоа е удобно, не затоа што тоа ги прави среќни.
Меѓутоа, да се живее живот полн со сигурност обично значи да се откажеме од нашите соништа со надеж дека секогаш можеме да им се вратиме подоцна во животот. Во поголемиот дел од времето, тоа „ подоцна“ никогаш не доаѓа. Безброј луѓе умираат со соништата што сè уште се наоѓаат во нив, недопрени и неоткриени.
Не барајте начин да бидете сигурни во животот; следете го своето срце и не барајте потврда од другите дека тоа е “вистинскиот” пат – затоа што никој вистински не знае кој е тој, освен вие самите.

Третирајте се себеси подобро и подобрете го менталното здравје
Толку многу луѓе во светот страдаат од ментални нарушувања. Ние не тврдиме дека самољубието и грижата се одговор за се, но со сигурност носат повеќе добро.
Ако ништо друго, ќе почнете да имате подобра слика за себе, што ќе ве натера да се чувствувате посигурни, да ги зголемите чувствата на среќа и благосостојба. За тоа е потребна упорност и волја, но активностите кои помагаат да се подобри менталното здравје, секако ќе ве натераат да се чувствувате подобро во целост. Работата, јогата, медитацијата и вежбите за длабоко дишење, се само неколку работи кои го подобруваат менталното здравје.giphy (1)Ви го посакуваме најдоброто во оваа година и се надеваме дека ќе доесете одлука да го живеете животот со вашиот целосен потенцијал.
Единствените ограничувања што постојат, се оние што самите ги ставате на себе, затоа, само верувајте дека сте незапирливи и ќе бидете во можност да направите се што ќе наумите!

„Самопочитта никогаш не е себичен чин – тоа е едноставно добро управување на единствениот подарок што го имам, подарок што сум се родил на оваа земја за да им го понудам на другите. Во секое време можеме да го слушаме вистинското јас и да му ја дадеме грижата што ја бара, тоа го правиме не само за нас, туку за многу други чиишто животи ги допираме. ” – Паркер Џ. Палмер

извор: hybread.mk