Стил

„Пред Божик, зад Божик, дома да си“

Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини! О, О, коледе!
2018_01_posna_trpeza_badnje_vece_badnji_dan_tri_predloga_menija_za_rucak_ili_veceru_451390986

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник. Денот наспроти Божик се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава, православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.
Домовите и куќните прагови се украсуваат со дабови гранчиња, наречени Бадникови дрвца. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

hljeb-bozic-reuters

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.
Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди.
Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари.
Сите да ве служи здравје, Бадникова вечер да ви е наздравје.
Берикет и к’смет во куќи да ви царува,со здравје и љубов Господ да ве дарува!
Честит Бадник!