Исхрана и Рецепти

🥞 Предлог доручек: Кокосови Палачинки 🥞

banana-pancakes

СОСТОЈКИ

  • 3 јајца
  • 60 грама кокосово брашно
  • 60 грама овесни снегулки
  • 180 милилитри млеко (може да биде и од соја, бадем или овес)
  • 1 банана, исечкана на мали парчиња (може да се направи и со јаболко или круша)
  • Прстофат прашок за пециво
  • Прстофат сол
  • 50 милилитри кокосово масло

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ

Исто како и кај класичните палачинки, така и овие состојки заедно измешајте ги со миксер. Доколку сакате тестото да биде посунѓересто, одвојте ја белката од жолчката, посебно изматете ја само белката и потоа полека додадете ја во останатата смеса. На овој начин се подготвуваат американските палачинки. Откако ќе завршите, ставете ја смесата во тавата за палачинки која не треба да биде претходно намачкана со масло бидејќи тоа е вклучено во самиот рецепт.