КВИЗ

КВИЗ: Овие 5 фотографии го откриваат вашиот карактер

Внимателно погледнете ја секоја слика и потоа за секоја слика одберете еден од понудените одговори кој е најприближeн на вашето гледање на сликата.Во одговорите се крие тајната на вашата психа.Образложенијата за избраните одговори се дадени за секоја слика одделно.
9781870003643_1-500x500

Тест - Каква личност стеНа сликата 1 гледате:
1.Рендгенска снимка на градниот кош,која во црвената боја ги прикажува срцето,белите дробови и крвта.
2.Ексцентричен професор,со прамени бела коса од левата и десната страна и голем нос.
3.Ража(морско животно) или скејтборт.
Образложение:
1.Во себе ги чувате работите кои сакате да ги изразите.Сепак,повеќе би трпеле во тишина.Во суштина силно тежнеете да кажете НЕ.
2.Беневолентни сте и скромни.Одличен мислител сте и сјајен пријател.
3.Себе секогаш се ставате на второ место,повлечени сте,и кога некој ве турка со лактите,вие се тргате на страна.
Тест - Каква личност стеНа сликата 2 гледате:
1. Две ему како гледаат едно кон друго.
2. Бубачка или клешти од рак.
3. Очила,брада или брусхалтер.
Образложение:
1.Уживате во животот,лудувате,но понекогаш не ви се допаѓа како се чувствувате следниот ден.Имате екстремни промени во расположението:или премногу се грижите за себе или вооопшто не се грижите.
2.Вредни сте,успехот е нешто што се подразбира.Кога ќе одредите план,на него се држите до крајот.
3.Сакате да се дотерувате.Понекогаш премногу мислите за тоа што другите мислат за Вас,па тоа се обидувате да го поттиснете со купување на нова облека или некои други скапи работи.

Тест - Каква личност стеНа сликата 3 гледате:
1.Силен маж,кој ги покажува своите мускули.
2. Скорпија.
3. Јајници.
Образложение:
1.Исклучително способна личност сте,се што ќе фатите го претворате во успех.Природно сте надарени и исклучително одлучни.Секогаш први излегувате на стартната линија кога е во прашање некаков предизвик.
2.Во исклучителна форма сте,како гимнастичар.Психички сте премногу чуствителни,па можеби имате проблеми со диетата и сонот.
3.Сметете дека имате потенцијал кој не може да се искаже.Вложувате огромен напор во својот живот,но тоа не дава никакви резултати.Имате јасна слика за се што сакате,но тие желби никогаш не Ви се остваруваат.

Тест - Каква личност сте
На сликата 4 гледате:
1.Лигав кловн,лице кое се топи,или некој кој ви се криви,подбива.
2.Жена во фустан,кој го подигнува и стои над два делфини,кои излегуваатод вода.
3.Одамна изгубена кадифена(плишана)играчка.
Образложение:
1.Дружељубиви сте и секогаш сте со пријателите,но имате некои навики кои ги загрижуват вашите пријатели.
2.Харизматични сте и привлекувате внимание,што е добро за вашето его.Тоа понекогаш,сепак,не е доволно за да се почитувате самите себе.
3.Кога ќе наидете на проблем ,се свртувате кон минатото.Тоа е време кога не сте морале да се докажувате и кога сте сметале дека припаѓате на светот. 
Тајната страна на вашата психаНа сликата 5 гледате:
1.Уста со јазикот и крајниците.
2. Врабец кој се накострешил,наежил.
3.Мачка со бркови,која можеби јаде пеперутка,или змија со отворена уста.
Образложение:
1.Вие сте вистинска сила!Вашиот карактер и успех се чувствуваат штом ќе влезете во просторијата.
2.Премногу сте внимателни кон другите,па изгледа дека истото не го барате за возврат.Не сте сигурни дека воопшто заслужувате да бидете сакани.
3.Вашите врски се како кога возите велосипед на нагорнина,ви се чини дека ги вртите доволно силно педалите,но практично не се помрднувате од местото.Често не се чувствувате адекватно,но не знаете поради што.