Концерти / Настани, Музика, ШОУ БИЗЗ

Искрено и Холивуд може да и завидува: Елена Петреска блесна на Василичарскиот концерт

Вчера вечер во салата на МОБ се одржа традициналниот Василичарски концерт со акцент на поп-рок музиката од осумдесетите и деведесетите. Под името Simlply the best нашите музички ѕвезди приредија едно несекојдневно уживање, придружени од оркестарот на Македонска Опера и Балет.
vasilicarski-koncert-2018-5

Елена Петреска не само со гласот туку и со нејзиниот совршен изглед, покажа дека и Холивуд може да им подзавиди на наште таленти. Таа за овој настан носеше црна тоалета со тул, искреирана и скроена од Викторија Арсовска.

26734463_10213914600155137_6430563335295345384_n