Вести

Денеска е строг пост – се слави Водокрст

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
vodokrst

Денес се слави празникот Водокрст.  Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.

Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.