Вести

Скопје: ДАНИЕЛ ДОНЧЕВСКИ ПО ПЕTТИ го фати крстот

Даниел Дончевски го фати светиот крст што во водите на реката Вардар го спушти поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
daniel-doncevski

Според верувањата, тој којшто ќе го фати крстот му претстои година во која ќе го следи благослов и среќа. Откако Даниел успеа да го фати крстот, верниците го заобиколија за да го бацат светиот крст и да се помолат за благослов и среќа.

Граѓаните меѓу себе си порачаа благослов и среќа на еден од најголемите христијански празници.

Годинава во Скопје имаше 160 учесници кои скокнаа по крстот во Вардар. Учесниците требаше да имаат навршено 18 години или ако се помали, да имаат согласност од родител и да се православни христијани. За нивното здравје и годинава се грижеа екипите на Црвениот крст на Град Скопје, како и екипи на Брза помош.

Богојавление Водици се одбележува и во преостанатите градови од земјава каде светиот крст ги освети водите. Според православиоето, Богојавление Водици е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.