Вести

Даниел Дончевски во хумана мисија

Откако стивнаа честитките и желбите упатени кон него и неговата фамилија за здравје, среќа и бериќет, Даниел Дончевски и оваа година си ја покажа својата човечност, како еден скромен хуман човек може да помогне. 

Па да почнеме од самиот почеток, т.е  по повод крводарителската акција во чест роденденот на Тоше Проески која се одржа пред некој ден во домот на АРМ, организирана од Црвениот крст и Одделот за Транфузиологија му врачија Благодарница за Редовен крводарител и хуманист, на нашиот Даниел кој секоја година е дел од оваа мисија.

27067720_10204267125034776_6528269504876247108_n

Како и секоја година така и оваа, јас и брат ми како членови на нашата фамилија го одбележавме чинот на Богојавление – Водици, во моментот на положување на крстот во водите на Вардар, посакав здравје и среќа на моите најблиски, но и на еден ЈУНАК – Билјана Пешевска. Ми се насмевна среќата и по петти пат да го фатам крстот, инаку учестувам веќе девет години по ред.
Чудно е што секоја парна година го имам осветениот крст во мои раце. Со ова сакам воедно и да им се заблагодарам на сите луѓе што се доближија до мене и најискрено ми честитаа.

 

Но посебна чест ми е што на тој голем ден упатив поздрав до фамилијата на Биле, која за мене е голем и вистинки БОРЕЦ, затоа сите интервјуа и ги посветувам нејзе. Од тој ден, па до денес направив една организација и со цел нејзината седма хемотерапија. 
Дел од парите кои беа оставени од срце на крстот ги донирав финансиски а дел ги искористив за купување на се што им е потребно како храна, облека и лична хигиена. 

viber image1


Моите хумани дела не би сакал јавно да ги споедлувам, но ова го праќам како апел, за сите да помогнеме, да не ја заборавиме Биле!

Ги поздравувам Христијаните кои се припремаме за велигденнскиот пост, и за брзо се гледаме со дечињата  од домот за деца без родители „11 Октомври“