Стил

ЕКСПАНЗИЈА НА МОЕТО ЈАС

Колумна на Горан Милиќ

Каде сме згрешиле? Зошто сме го одбрале кривиот пат? Сме се почуствувале или сме живееле несреќни анксиозни и депресевни?

28308398_1852107381527526_1583308560_nДенешницата и брзиот начин на живот го бара и својот данок. Живееме брзо, брзо заболуваме претежно од психосоматски болести, брзо и умираме. Не бадијала лугето знаат да кажат лета животот.При крај некој можеби се запрашува: Дали го дадов својот максимум, дали бев среќен, можев ли подобро….Одговорот е за се НЕ! Самото несигурно “Дали” кажува дека не сме го исполниле својот полн потенцијал, не сме се поставиле правилно и сме биле незадоволни. Каде сме згрешиле?

Се тоа може да го нема, тоа се банални работи кои самите сме ги хиперболизирале до едно највисоко ниво на негативност во нашиот ментален склоп. Би започнале од прифаќањето на својата животна поставеност, односно судбинска даденост. Да не измешаме.Судбината не постоји, таа сами ја кроиме. Судбинската дадаеност се однесува на: Во која држава сме родени, родени сме како маж или жена, во богата или сиромашна фамилија, како хетеросексуалец или хомосексуалец и тн. Има многу работи који ја представуваат судбинската даденост. Многумина викаат животот е тежок. Алудирајќи при тоа на некои од работите наведени во судбинска даденост. Зошто не се родив во богата фамилија да не се мачам сега во фабрика?

28459716_1852105634861034_440391802_o

Зошто хомосексуалец општеството да ме осудува? Тешко изгледа да, сурова реалност некој вика, но едноставно треба да ја прифатиме како таков старт на натпреварот на животот. Животот е тежок и искрено длабоко во себеси мора да го кажеме, сфатиме и признаеме тоа.Тогаш како со магија светот ќе ви засвети многу порозово. Ќе се отворат многу нови патишта. Ќе видите дека животот е едноставен, даден од природата како подарок, а не како казна. Сфаќаме дека самите го комлицирае со прашања: Зошто вака, зошто така, зошто тој е подобар, се враќаме кон минатите животни епизоди и тн, заборавајќи го основното…

Животот е ОВДЕ И СЕГА!

Ти ги имаш сите можни атрибути да бидеш среќен. Среќата не зависи од можностите што ги имаме, туку од силината на нашата воља, изборот и познавањето на своето ЈАС. Сите живееме за МОЕТО ЈАС.Тоа е уникатно, единствено, можеби се надевам и бесмртно.Тоа е центар на нашата душа. Околу него се сите ментални и емотивни процеси како и подсвеста. Пред се за да му угодиме на своето ЈАС треба да сфатиме дека симбиозата помеѓу свеста и подсвеста кај многумина е нарушена.Манифестирајќи се како разни типови неврози, анксиозности, панични напади, депресивности, па и обично незадоволство.

28308919_1852105601527704_1974026907_n

Второ на ред е да го запознаваме своето ЈАС. Со многу едноставна вежба. Сами во своја пријатна просторија првин издишуваме и вдишуваме длабоко неколку пати, за да ја подсмириме анксиозноста доколку ја има. Потоа се фокусираме кон себеси. Ги отфрламе сите мисли и го повикуваме своето ЈАС, со само обично повторување, по можност на глас …прво потивко па посилно ЈАС, ЈАС, се обидуваме да го осетиме низ целото наше битје…до неколку пати и ќе го почуствувате во сета своја големина. Едноставно го вадиме од скривницата каде стравот длабоко го сокрил. Тоа е еден од првите начините на враќањето на комуникацијата помегу подсвеста и свеста. И соопштуваме на подсвеста и на се добро или лошо што е во неа кој е “Шефот”

28383183_1852105544861043_752705734_n

Експанзија на егото како ветер ги разнесува сите лоши мисли и емоции. Со таков начин станувајќи повеќе свесни за себеси ја сфаќаме силата која ја имаме во себе.Бесмртното МОЕ ЈАС ГОСПОДАР НА СЕ.Прво ја враќаме самодовербата.За стравот сфаќаме дека е дел од нас, но го поставуваме таму кај што му е место да алармира за реална опасност а не непотребно да не ремети. Практиката покажала дека практикувањето на оваа вежба пред само заспивање и влегување во сон кога границата помегу подсвеста и свеста е најпорозлива ја враќа полека нашата компактност како комплетно битие.

ЈАС МОЖАМ, ЈАС УТРЕ ПОБЕДУВАМ НА НАТПРЕВАР, ЈАС СУМ СРЕЌНА ЛИЧНОСТ, ЈАС МОЖАМ ДА ОТВОРАМ НОВИ ПАТИШТА ПО КОИ ЌЕ БИРАМ КАЈ СЕ ДВИЖАМ и тнн.

Експанзија ма МОЕТО ЈАС е само една првична вежба со која ги прошируваме границите на нашиот обичен живот и ни отвора нови можности и видици кои треба уште веднаш да ги зграпчиме.