КВИЗ

КВИЗ: Што прво забележувате на сликава, ја открива вашата блиска иднина

 Погледнете ја оваа слика и побарајте го објаснувањето за тоа што ќе го забележите во првите неколку секунди, без подетално анализирање!
OctavioOcampo-LadyintheFieldofLillies_1024x1024

Жена
Жената симболизира интрига. Ако видите на сликата млад и убав женски лик, тоа укажува на нови можности, радост, среќа, богатство и успех. Доколку жената има бушава коса, тоа може да биде опасност, а ако видите болен човек, ви следува тешко заздравување.

Цвеќе
Цвеќето најчесто симболизира убавина и просперитет. Тоа дарува радост и женственост. Од друга страна пак, расцутено цвеќе говори за вашата сигурност и правилниот духовен раст, како и за личниот развој. Вие се движите во вистинскиот правец и ве очекува голем успех! Ова може да биде поврзано со работата, некое хоби или пак, со љубовната врска.

Лисја
Лисјата се симбол на раст и постигнувања, особено ако се зелени и свежи. Тие означуваат среќа и успех, како на работен план, така и во љубовта, што ќе процути во полн ек. Ве очекува прилично безгрижен живот, полн со радосни случувања. Зелените лисја отсекогаш се сметале за добар знак. Тие може да ветуваат среќен брак, додека пак истовремено и можност за наследство.

Маска
Маската може да укажува на тоа дека се наоѓате во процес на лична трансформација. Таа може да симболизира различни аспекти на вашиот карактер. Можете да имате една маска што ја носите на работа, друга додека комуницирате со блиските, трета за во јавност… Но единственото нешто што го постигнувате со неа се потешкотии, бидејќи маската често води кон меѓусебен судир. Задоволни сте со личноста што во моментов сте или пак, дошло време да се согледате себеси од друг агол и да се видите во ново светло?