Здравје

5 природни начини за борба против алергиите

Непријатните и ужасни симптоми на алергија на полен, од течење на носот до чешање и солзење на очите, познати им се на милиони луѓе од целиот свет... Со цел да го зајакнете вашиот организам, потребно е да се вратите на природните начини на лечење, кои не вклучуваат токсини и хемикалии
  • Витаминот Ц е моќен антихистамин, па токму затоа кај оние со алергии се препорачува секојдневно да пијат по 2 до 3 грама.
  • Во вашата исхрана вклучете повеќе лук и кромид, бидејќи тие содржат високи концентрации на состојки кои делуваат против воспаленија.
  • Избегнувајте ја протеинската храна како млеко, јајца, месо…
  • Од млечните производи се препорачуваат само ферментирани производи кои се богати со пробиотици (јогурт, кефир…).
  • Наместо кравјо млеко пијте козјо млеко.

koprivaКоприва  е природен антихистамин и имуномодулатор кој го чисти целиот организам и на тој начин помага при справувањето со сите алергии. Тој ги ублажува симптомите како што се кивањето и надразнетите очи. Најдобриот начин на кој можете да ја внесете копривата во вашето тело е преку чај, кој не само што ја ублажува алергиската реакција, туку и придонесува при создавање на црвените крвни зрнца во организмот.

downloadМасло од црн ким тоа влијае против воспаленијата и има антихистаминско делување, па токму затоа треба да ви биде и еден од првите избори при ублажување и превенција на симптомите на алергија. Ова масло не само што ги ублажува сите алергиски симптоми, туку и го олеснува дишењето и истовремено го спречува развојот на секундарните бактериски инфекции кои често се јавуваат паралелно со сезонските алергии.


eukaliptusМасло од еукалиптус
, едно истражување од 2010 година открило дека ова масло има благотворно делување врз респираторните проблеми како астмата. Ставете малку од ова масло во еден сад и поставете го на вашата работна маса додека сте на работа. Дишењето дополнително ќе го олесните доколку измешате 3 капки масло од еукалиптус со една лажица маслиново масло кое потоа ќе го нанесете на вашите гради.

tocka-110734Чајот од мајчина душица го ублажува кашлањето и има смирувачко делување врз грлото (особено ако е воспалено). За да ги намалите алергиските реакции, комбинирајте мајчина душица со коприва. Извлечете го максимумот од овие две состојки така што ќе подготвите чај од 2 лажици коприва и 1 лажица мајчина душица во пола литар зовриена вода. Покријте го и почекајте 15 до 20 минути да делува и потоа пијте го.


Дополнителни мерки за заштита од алергиски реакции

  • За време на сезоната во која има висока концентрација на полен во воздухот, држете ги прозорците што повеќе затворени.
  • Избегнувајте да бидете на отворено кога има многу сонце и ветар (тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот).
  • По секое враќање во домот, фрлете ја целата облека за перење и истуширајте се со цел да ги отстраните сите зрнца полен кој се задржале на вашето тело.
  • Имајте на ум дека најмалата концентрација на полен во воздухот е по дождот, па токму тогаш би било најсоодветно да излегувате на отворено.
  • Пред да излезете од вашиот дом намачкајте го вашиот нос со невеново масло (или маслиново масло) со цел да го намалите вдишувањето на поленот од воздухот.