Вести, Стил

Цитати на простите луѓе

Според едно истражување направено минатата година, при универзитетот во Камбоџа, овие „мудрости“ ги користат простите луѓе

„Не сум совршена, но сум вистинска“

Со оваа изрека најчесто своето однесување го оправдуваат луѓето кои имаат недостаток на манири.

„Простувам, но не заборавам“

Оваа изрека во целост е контрадикторна на она што значи да простиш некому.

„Само Бог може да ми суди“

За вашите одлуки обично ќе ви суди судот.

„Не гледам назад, и за ништо не жалам во животот“

Ако не жалите, значи ништо не сте научиле.

„Можеби ќе ми го имаш телото, но никогаш  срцето“

За некој да ви го има телото, прво треба да ви го освои срцето.

„Не се менувај, секогаш биди свој“

Нема проблем што имаш 46 години а се однесуваш како штотуку да си влегол во пубертет.