Мода

Како правилно да ги употребите четирите нијанси на коректорот

Првиот совет е да изберете коректор во боја најблиска до вашиот тен, само така производот има ефект. Но, дали сте забележале дека одредени коректори доаѓаат во повеќе бои? Зелен коректор!? Розеникав!? Коректор во виолетова боја!? Покрај основната боја на коректор и применувањето на малку посветол коректор на подочниците, секоја друга боја има своја дополнителна функција. Во зависност од бојата на кожата и кои области или проблематични делови од лицето сакате да ги покриете, изберете коректор во соодветната боја.

803555Зелен коректор
Бледо зелениот коректор е идеален за покривање на црвенилото. Одличен е за дерматитис, па дури и се нанесува на благи изгореници од сонце. Овој коректор исто така ефикасно покрива акни.

 

 

becca-backlight-targeted-colour-corrector-violetВиолетов коректор
Во боја на лаванда, овој коректор ја осветлува кожата и го изедначува тенот. Лаванда тоновите ја неутрализираат и тонизираат кожата, а се препорачува за покривање на пеги или темни тамки на лицето.

 

 

2423881Жолт коректор
Ако сте во потрага по уште една нијанса на коректор кој ја осветлува кожата, тогаш тоа е бледо жолтиот. Оваа нијанса го ублажува црвенилото, и што е поважно, додава топлина на секој тен.

 

 

pink-concealer-tbdБледо розов коректор
Сакате да ги покрие темните кругови? Обиди се со бледо розовабоја, нијанса на лосос, која ги неутрализира сините и сивите тонови под очите. Сепак, внимавајте кога го користите овој тон, може да предизвикате портокалов сјај на кожата. Шминкерите предлагаат овој тон на коректор да го нанесувате пред пудрата.