Мода

Какви чанти најмногу прилегаат на вашиот стил?

Од женствено и урбано до слатко или пак смело, пронајдете го вашиот стил и погледнете кои плик чанти најмногу ви прилегаат.

Големи чанти за урбаните девојки
Не само што се практични бидејќи со себе може да понесете повеќе работи, туку се и навистина кул. Совршени за урбаните девојки кои ја следат модата и одлично се вклопуваат во кежуал изглед, фармерки, широки блузи и џемпери. Може да одберете еднобојни или големи плик чанти во неколку бои.

Впечатливи бои, форми и принтови за оние кои не се плашат да бидат свои
Стилот или племенскиот стил совршено прилегаат на едноставна комбинација бидејќи ја разбиваат монотонијата. Во зависност од материјалот и дезенот, овие чанти може да се вклопат во секакви комбинации од секојдневен до свечен изглед.

Пастелни бои и училишен стил за слатките девојки
Иако завршила учебната година ќе одберат мали чантички во форма на училишен ранец. Пастелните бои се одлични за слатките и мирни девојки кои неретко ќе ги видите како носат маички со принтови од ликовите од детските цртани филмови.