Стил

Неколку причини зошто сабота ни е омилен ден

  • Не стануваме од кревет.
  • Нарачуваме преку интернет сè што ќе ни се допадне без вистинска намера да го купиме.
  • Ги прегледуваме сите фотки од телефонот кои заслужуваат да бидат објавени на Фејсбук.
  • Спиеме колку сакаме.

o29J4Zu

  • Не носиме градник.
  • Јадеме во кревет.
  • Погледнуваме во полниот мијалник и се прашуваме кој ни упаднал дома и ги извалкал сите тие садови.

tumblr_m8e2o174GY1qhh48w

  • Најголемиот пат што го поминуваме е од креветот до каучот и назад.
  • Одбиваме да признаеме дека постои шминка.
  • Јадеме сè што има во фрижидерот под изговор дека ќе се расипе до понеделник.

giphy

  • Телефонот го заменуваме со далечинскиот управувач.
  • Проверуваме што сме напишале и поставиле на Фејсбук претходно и на што сме собрале најмногу лајкови.
  • Зборуваме саат и пол на телефон со најдобрата другарка која живее на 5 минути од нас.
  • Си ветуваме дека наредната сабота ќе ја „потрошиме“ попаметно.