Љубов и Секс

5 причини зошто луѓето изневеруваат

Дали некогаш Ве изневериле? Неверноста е неприфатлива, без оглед на околностите. Вистинската врска бара двајцата партнери да бидат лојални еден кон друг и да не си ги повредуваат чувствата. Но, за жал, многу луѓе решаваат да скршнат од патот. Но, зошто го прават тоа?

Врската ви станала навика или рутина

Ако станувате наутро и автоматски посегнувате по телефонот за да го слушнете вашиот партнер, голема е веројатноста тоа да го правите од навика. Можеби ова значи дека го сакате премногу, но најверојатно и не е баш така кога сте одлучиле да го изневерите.

Имате чувство дека не им посветувате доволно внимание на нив
Кај некои луѓе, нивната психолошка состојба ги тера да бараат поголемо внимание. Значи, ако некогаш се чувствуваат игнорирани или занемарени, тие ќе се свртат кон други луѓе за внимание. Во такви околности тие би изневериле без да се срамат од тоа.

When-You-Watch-Your-Frenemy-Snapchat-Story-Twice-Accident

 

Не постои возбуда во врската
Вашиот однос со вашиот партнер е толку совршен и мазен што довело до тоа да исчезне возбудата. За него / неа, ова ќе биде доволна причина за изневерување доколку има друга личност која што ќе им го пружи тоа.

Се заљубивте
Во врска сте, но излегувате со друга личност која не може да ви излезе од глава. Можеби сте заљубени?! Постојано се сретнувате со неа скришно и се двоумите дали да ја прекинете долгогодишната врска. Нема ништо лошо во тоа што сте заљубени, но на две столчиња не се седи. Бидете внимателни да не паднете.

giphy (1)

Не се задоволни со креветот
Сте имале секс по два пати на ден, а сега само 2 пати неделно. Причината за тоа сте сигурно вие, сексот со партнерот не ве возбудува повеќе. Затоа ги задоволувате вашите страсти во друг кревет.