Вести

Шестта управа во стил во нови униформи

Припадниците на Одделот за заштита на одредени личности или објекти познат како Шеста управа денеска добија нови службени униформи.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги промовираше униформите, нагласувајќи дека МВР врз основа на јавна набавка обезбедило 464 машки и 39 женски комплети цивилна облека. Цената на еден комплет изнесува 6.560 денари без ДДВ, а МВР за сите униформи потрошило 3.299.680 денари.
IMG_3008-670x447

– Веќе долго време немаше никаква набавка на униформи не само за Шестата управа, туку и за сите припадници на полицијата. Целта е да се унапредат стандардите на професионално работење на сите оддели во МВР, а Шестата управа е оддел кој има специфичен вид на задачи и МВР е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење, рече Спасовски.

Додаде дека во Министерството престојат уште задачи и активности не само од материјално-технички аспект, туку и во насока на подигнување на стручноста, организацијата и системското работење на Министерството.