Вести

Еве зошто Еко-автобусот има странски таблици

Утрово на социјалните мрежи се појави слика каде што градскиот еко-автобус со број 5, има странски таблци. Граѓаните прашуваа кои се двојните аршини.
Capture

На ова прашање ни одговори градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ,
кој изјави дека овие автобуси се пробни. 

Исто така, ова беше изјавено и минатиот месец (29.03.2018) од страна на Петре Шилегов, градоначалникот на град Скопје
„Минатиот месец потпишавме договор за пробно користење на електричен автобус за период од шест месеци, наменет за линија 15, а овој автобусот наредниве 2 месеци ќе сообраќа на линија број 5. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Наша заложба е креирање јавен транспорт кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот“ – нотираше Шилегов.