Музика

Гавазова ги освои Италија и Австрија, па се врати со нови ангажмани

Нашата фолк дива Сузана Гавазова, која периодов е навистина посветена на новитетите во работата, се врати од турнеите во Австрија и Италија, каде настапи пред нашинците во овие земји.

Одлично поминав и во двете земји. Најважно од се е што имаше добра посетеност, супер атмосфера, сите пееја, играа, се забавуваа на нашата убава песна… Едноставно да ви кажам, се беше нај нај, вели Сузана.

Сузана Гавазова периодов публиката ќе ја изненади и со два дуети, едниот со една скопската група, а вториот ќе биде турско – македонски дует со пејач кој сега за сега е изненадување…