Вести

Груевски осуден на 2 години затвор

Груевски-и-Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје попладнево судијката Добрила Кацарска  ја соопшти пресудата за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Tретообвинет во предметот е експремиерот Никола Груевски, кој е осуден, на 2 години затвор за кривичното дело „давање награда за противзаконито влијание“.

Ова е  прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

Покрај него, во предметот второобвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски,  е осуден на 6 години и 6 месеци казна затвор . Воедно Поповски  вчера беше осуден на ефективна казна затвор за предметот „Триста“ во времетраење од 9 години.

Во предметот „Тенк“ првообвинета е ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на која ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години за поттикнување во извршување на кривичното дело. Нејзе ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризичната бременост. Првото рочиште е закажано в понеделник, 28 мај. Судењето за „Тенк“ започна на 30 јануари годинава и траеше приближно 3,5 месеци.