Астро

Дневен хороскоп: 10.07.2018 – Недела

Уживајте во денешниот ден!

love-horoscope-horoscope-aries-horoscope-for-year-2015Овен
Се наоѓате во дилема помеѓу две деловни можности. На крајот, ќе се покаже дека ниту една од нив не ги задоволува вашите основни критериуми или интереси.
Нема потреба премногу да се истакнувате во непознато друштво. Занесот лесно умее да залаже. Своето внимание посветете го на блиско лице и заедничките теми.
хронични тешкотии.

love-horoscope-horoscope-taurus-horoscope-of-year-2015Бик
Наместо аплауз или пофалба во име на заедничкиот успех, до вас допираат неодредени коментари и нечија критика. Немојте да дозволите да ве испровоцираат нечии постапки или невистини. Сочувајте ја присебноста на духот пред соработниците.
Ќе морате да имате повеќе разбирање за саканото лице. Има работи кои не можат лесно да се објаснат и затоа бидете трпеливи.
Ќе ви годи прошетка.

love-horoscope-horoscope-gemini-horoscope-of-year-2015Близнаци
Договорот со едно лице укажува на можен неуспех или на деловно промашување. Сепак не можете многу да промените во своја корист, освен достоинствено да прифатите пораз како поучно искуство и нова прилика.
Во средбата со саканото лице делувате сомничаво, Не сакате однапред да давате големи ветувања. Користете ја својата омилена тактика.
Немате кондиција.

love-horoscope-horoscope-cancer-year-horoscope-2015Рак
Нова непријатност или судир со едно лице ќе ве натера работите да ги набљудувате со други очи. Важно е да не се занесувате со деловните теми кои претставуваат потенцијален ризик.
Забележувате дека вашите желби или пораки не допираат до партнерот. Не сакате некој да ве држи во своја сенка или во емотивна неизвесност.
Добро се чувствувате.

love-horoscope-horoscope-leo-horoscope-of-year-2015Лав
Исходот во деловните планови кои ги имате во поголема мерка зависи од нечие влијание и затоа бидете искрени пред едно постаро лице. Немојте да дозволите кај вас да превладее суета и порив за победнички триумф.
Морате да имате доволно трпение за своето семејство како и за различни проблеми со кои се соочува саканото лице. Можеби некои до вас очекуваат многу повеќе отколку што тоа го претпоствувате.
Земте витамини.

love-horoscope-horoscope-virgo-horoscope-of-year-2015Девица
Важно е да направите добар избор и правилно да се заштитите од негативните влијанија. Немојте да дозволувате лошиот дијалог негативно да се одрази на ниво на деловна соработка или на резултатите кои ги очекувате од заедничките акции.
Побарајте нечие разбирање и емотивна поддршка. Нема причина премногу да фантазирате за работи кои се далечни и недостижни.
Многу сте напнати.

love-horoscope-horoscope-libra-horoscope-of-the-year-2015Вага
Се’ правите најдобро што можете, но секогаш има некој кој ве критикува. Потрудете се да ги надмудрите своите соработници кои ви поставуваат потешки услови или ненадејно создаваат дополнителни компликации.
Важно е вашите идеи и емотивни интересирања да наидуваат на позитивен одговор. На вас е да заведете едно лице кое ви се допаѓа.
Добро се чувствувате.

love-horoscope-horoscope-scorpio-horoscope-for-year-2015Скорпија
Нема причини да очекувате нечие покајување за деловните постапки. Бадијала инсистирате на вистината за која другите не сакаат јавно да зборуваат или да се изјаснуват во ваша полза.
Бидете внимателни пред саканото лице. Секој гест на искрено внимание делува анимирачки и претставува вовед во заедничкото уживање.
Ќе ви годи релаксација.

love-horoscope-horoscope-protection-annual-horoscope-2015Стрелец
Доколку некој ве повредил со лоши постапки или недолично однесување, контролирајте го своето незадоволство. Деловните ситуации не треба да ги доживувате многу емотивно.
Бидете доволно искрени пред саканото лице. Понекогаш ниту големи зборови не се доволни и затоа немојте да штедите на своите чувства и покажете дека го правите тоа што го ветувате.
Хранете се поздраво.

love-horoscope-horoscope-capricorn-horoscope-for-year-2015Јарец
Во средбата со соработниците има различни недоразбирања и тоа ви дава за право да инсистирате на вистина. Доколку ви е важно да ги остварите своите цели и забележан успех, во одредени ситуации покажете повеќе енергичност.
Делувате несигурно. Потребно ви е нечие емотивно охрбрување. Слободно изразете ги своите желби или чувства кои ги потиснувате.
Можна главоболка.

love-horoscope-horoscope-aquarius-horoscope-for-year-2015Водолија
Постојат отежувачки околности кои не можете да ги заобиколите. Барате полесно решение но се’ што се обидувате не донесува позитивен ефект. Некој ви дава до знаење дека нема премногу разбирање за вашите деловни зафати.
Одбегнувајте нова расправија во средбата со саканото лице. Моменталната позиција не можете да ја промените во своја корист.
Ќе ви годи прошетка или престој во природа.

love-horoscope-horoscope-fishes-annual-horoscope-2015Риби
Делувате незаинересирано за различни прашања кои ви ги поставува едно постаро лице. Мноштвото работа се обидувате да ја завршите самостојно и во склад со личните интереси. Сепак, ви недостасува објективна проценка.
Немојте на саканото лице да му давате избрзани или големи ветувања. Постои можност ненадејно да го промените своето мислење.
Добро се чувствувате.