Здравје

Брзи облоги против убоди од комарци

Ако ви се случи во текот на топлите летни вечери да ве касне комарец, еве што можете да направите за да се решите од досадното чешање и црвенилото на местото на убодот. Освен што овие облоги се здрави, сигурно веќе и ги имате состојките во вашиот дом кои се потребни за нивна подготовка.
Првото решение во тој случај е мразот. На местото каде ве каснал инсект ставете коцка-две мраз, бидејќи ладните облоги ќе го „заледат“ нервот, со што чешањето и пецкањето ќе се смират.
mosquitoes_attack

2. Оцетот, особено јаболковиот, е одличен за ублажувањето на чешањето на местото каде имате убод од комарец. Нанесете малку оцет директно на местото, а доколку имате повеќе места убодени од комарец низ целото тело направете си купка во која ќе додадете неколку лажички оцет.

3. Нанесете неколку ливчиња босилек на убодите од комарецот и тој ќе го излади местото за кратко време. Освен тоа мирисот од босилекот ги одбива комарците од просторијата во која седите.

4. Пеперминтот, односно состојката ментол, која ја содржи секоја паста за заби ја лади кожата и на тој начин го намалува чешањето. Нанесете малку паста за заби директно на убодот од комарец и на тој начин ќе можете мирно да спиете.

5. На местото на убодот држете изладена ќесичка чај и вашето чешање ќе се намали. Освен тоа, ќесичката чај помага да не се појават отоци и иритации.

6. местото на каснување да го истриете со мед или лимон и болката ќе исчезне. Содата исто така помага во овој случај, бидејќи содржи алкална компонента.