Стил

Поучна Приказна: Последното кафе со Професорот

Се собрале некои поранешни колеги од факултет, кои сега веќе станале успешни луѓе имале свои бизниси, и решиле да го посетат бившиот професор. Разговорот набргу се претворил во жалење и кукање за стресот и проблемите на работа, за проблемите во животот... Професорот им понудил кафе на своите гости и отишол во кујната.  Се вратил со бокал полн со кафе и многу различни филџани на послужавникот: порцелански, стаклени, пластични и кристални. Некои од нив изгледале многу едноставно, некои биле многу скапи, а некои делувале многу префинето. Професорот ги понудил своите студенти со кафе. Кога сите студенти земале по еден филџан, професорот рекол:
people-drinking-coffee-in-cafe

„Ако забележавте, сите скапи и убави филџани се во вашите раце, а на послужавникот останаа едноставните и евтините. Иако е нормално да го сакате само најдоброто за себе, токму тоа е изворот на вашите проблеми и стресови. Бидете сигурни дека филџанот не му дава на кафето посебен квалитет. Во поголемиот дел од работите се работи само за скапи филџани кои понекогаш го сокриваат она што го пиеме. Вие сакавте кафе, а не филџан, но свесно посегнавте кон најдобрите филџани и така почнавте меѓусебно да се споредувате.“

Сега обрнете внимние на следното: „Животот е кафе… а работата, автомобилите, работите, парите и положбата во општеството се филџаните. Тие се само оружје кое го надополнуваат животот, а видот на филџан воопшто не го одредува, ниту пак го менува квалитетот на нашиот живот.
Ако премногу се сосредоточиме на филџанот, пропуштаме да уживме во кафето.